Додека здравството тоне во хаос, македонските граѓани не се поштедени ниту од една страна, имено добавувачите на замрзната храна од далечните краеви на оваа наша планета, не водат сметка очигледно од каде ќе носат храна, на кој начин ќе биде спакувана како и од каде е уловена. Се додека таа носи профит никој не се замара со совеста и дали тоа што се носи и продава по маркетите на македонските граѓани е во ред и хумано.
Агенцијата за Храна и Ветринарство која неколку пати ја исконтактиравме,само во првиот наврат ни врати со соопштение и мејл дека храната е во ред, е во рамките на дозволеното за увоз, нема никакви штетни материи или супстанци со што би го загрозила или влошила здравјето на човекот, посебно на било кој граѓанин во Македонија.
Меѓутоа една седмица по тоа соопштени низ маркетите сеуште можеше да се забележат производи од истата комапнија која ги носи радиоактивните котлети од лосос, сурими ракчиња, како истите стојат во фрижидерите до останатата храна и при тоа никој не води сметка да ја тргне, да ја извади од фрижидерите, да ја отстрани заедно со храната до која стоела ниту пак од АХВ излегоа со повторно соопштение или образложение зошто е тоа така. Што е со другата храна во маркетите? Што со храната во која првично стоела во складовите? Дали заборавивме како радијацијата контаминира?
Инаку колку за потсетување оваа храна се лови на ловишта низ целиот свет и тие според местото каде се уловени или каде е фатен уловот се поделени на зони, Такви зони има повеќе од 20-тина, но за нас најинтересни се следните пет зони: ФАО 61, 67, 71, 77, 87. Овие зони се од посебно значење за нас бидејќи на овие места се излиени изотопите од нуклеарниот реактор Фукушима, пред неколку години. Ќе си речете одамна било тоа, Да, така е.
Меѓутоа треба да се знае и животниот век на изотопите, тие што се излеани и се шират низ овие пет места на улов со помош на морските струи кои во себе носат цезиум 134 и цезиум 137. Од кои цезиум 134 има пола животен век од 5 години, додека пострашен за нас луѓето е цезиум 137 кој има половина животен век од 30 години. И овие изотопи патуваат до ден денешен низ Пацификот, а освен тоа преку информации од странски портали дознаваме дека моментално во Пацификот има 100 илјади пати повеќе присутност на цезиум 137 и радиоактивни изотопи отколку што тоа било случајот со Чернобил или Амерканските нуклеарни тестирања во 60-тите години на минатиот век.
Реакторот на Фукушима секојдневно истекува и понатаму, до сега има оделано во Пацификот радиоактивна реакторска вода 314.700 тони. Со дневен одлив од 400 тони. Следната слика го објаснува движењето на изотопите со помош на морските струи.
Знаејќи ги сите овие информации, повторно упативме мејл до АХВ за храната која ја конзумираат македонските граѓани и по трет пат не добивме никаков одговор по ова прашање. Додека пак граѓаните кои ги анкетиравме и покрај сите информации на располагање се со поделени мислења, едните веруваат дека АХВ прави се што може и дека граѓаните треба да ги слушаат како одговорна и задолжена инситуција за безбедноста на храната на државно ниво, додека дел од граѓаните не веруваат на ниедна институција, не би се осудиле камоли да купат замрзната храна повеќе, истите граѓани прашуваат зошто после сите реакции АХВ не ги отстранила спорните пакети со замрзната храна и како се дозволува и понатаму да бидат дел од купопродажната мрежа низ државата?
Граѓаните, јавноста и оние подобро упатените прашуваат, до кога никој нема да се грижи за здравјето и квалитетот на храна кој го конзумираат граѓаните, до кога власта ќе ги занемарува овие битни сегменти за македонските граѓани, а при тоа приоритетите ќе се поставуваат и ќе бидат менување на името, влез во ЕУ и НАТО, менување на уставот?