Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски на денешната собраниска седница во однос на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за здравствена заштита по скратена постапка, изјави дека како држава сме многу далеку од платата од 100.000 денари за лекарите која СДСМ толку многу ја ветуваше.
– Сега требаше според вашето ветување лекарите да имаат двојни плати, односно секој специјалист да има плата минимум 60.000 денари. Ве уверувам дека сме многу далеку од платата од 100.000 денари која што ја ветивте. Сите очекувавме денеска дека некој од вас ќе излезе со ваква вест за лекарите, истакна Манојлоски. Манојловски посочи дека не се исполнети ниту планот кој СДСМ го имаше за првите 6 месеци, а уште помалку е исполнет планот за првите 24 месеци од аспект за здравствената заштита и платата на лекарите и наместо подобри услови гледаме дека во одредени клинички центри условите се полоши од минатиот век, а во меѓувреме се случува егзодус на лекари.
– Имаме многу негативен тренд каде што имаме нагло заминување на квалификуван медицински кадар, надвор на од нашата држава кој што воопшто не ја гледа иднината во нашиот здравствен систем. Мора што побрзо да има реакција да се спречи овој егзодус на лекарите и на сите здравствени работници, нагласи Манојлоски.