Во Албанија регистрирана е уште една жртва од новиот кооронавирус, со што бројот на починати се зголеми на 28.

– Станува збор за 60- годишно лице, кое боледувало и од дијабетис и висок крвен притисок. Неговата сосотојба била видно влошена последните денови, а денеска наутро почина
во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана.

Според вчера соопштените податоци од албанското Министерство за здравтсво и социјална политика од почетокот на март до сега тестирани се 7.015 сомнителни случаи и потврдени се
позитивни 712, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани.

Во овој период оздравеле 403 пациенти, а 40 се на болничко лекување.