Можеби вие си замислувате романтична врска и ја планирате вашата заедничка иднина, но некои негови фрази ќе ве натераат да си го поставите прашањето дали тој човек е вистинскиот за вас. Овие машки изјави ќе ви сигнализираат дека не треба да го поминете животот со човекот што е покрај вас.
„Сама плаќаш?“
Уште полошо е ако тоа не звучи како прашање, туку како повик за акција. Но, најлошо е ако тој понуди да платите и за него. Проблемот не е во плаќањето на сметките и не станува збор за пари. Поентата е во тоа што кога мажот сака да ви удоволи, тој се обидува да се појави во вашите очи во најдоброто светло – вклучувајќи и финансиски. Со тоа што нуди вие да ја платите сметката, пред вас тој е просјак, патолошки пациент или (уште полошо) жиголо.
„Или направи како што реков или оди си“
Каде најдовте ваков човек во 2019 година? Ваквите ултиматуми звучеа логично во средниот век, но во 21-иот век жените сами донесуваат одлуки, го прават тоа што сакаат и го искажуваат своето мислење кога сметаат дека тоа е потребно. Поради тоа, вам не ви е потребен таков човек со манири на деспот.
„Кој друг ти е потребен?“
Ова значи „ти си никој без мене“. Ваквата личност само ја зголемува својата самодоверба на ваша сметка. Зарем навистина не можете без таков „прекрасен“ господин?
„Сите мажи изневеруваат“
По оваа фраза, можете да му се заблагодарите што е искрен и да се збогувате. Тој едноставно ви кажува дека изневерувањето е нормално, односно дека никогаш нема да бидете единствената.
„Оди си дома сама“
Денес, ретки се мажите што ќе ви ги држат вратата и столот, ќе ви ја отворат вратата од автомобилот или ќе ве испратат дома. Во современиот свет, нормално е девојката сама да го стори сето тоа. Но, една од главните доблести на мажот е можноста да биде џентлмен. Ако по состанокот заминавте дома со такси, а тој ви пратил порака за да праша дали стигнавте дома безбедно, тоа значи дека се грижи за вас. Но, ако мора да си заминете сами, тогаш сте вечерале со рамнодушен и злобен човек.
„Сè уште не сум подготвен да те запознаам со моите пријатели“
Долго сте во врска, но не познавате никого од неговото друштво? Многу е веројатно дека тој не ве сфаќа сериозно или смета дека не сте доволно добри за неговото друштво.
„Еве ја мајка ми…“
Неговата мајка готви највкусно, беспрекорно пегла маици и е најпаметна. Целта не е да бидете конкуренција со неговата мајка, но не треба цел живот да слушате пофалби и постојано да бидете споредувани со неа.