Многумина од нас мислат дека ако премолчат нешто или го игнорираат неговото постоење, ќе се поштедат себе од конфликти и нарушување на односите со луѓето.

Според психолозите и лекарите, потиснувањето на лутината, тагата и стресот, влијае врз работата на срцето и може да предизвика сериозни кардиоваскуларни компликации, но и да го зголеми ризикот за мозочен удар.

Со тоа што не се ослободуваме од лутината, тагата и фрустрацијата, телото го изложуваме на голем стрес, кој води до високо ниво на кортизол, но и заслабнување на имунитетот. Со тек на време, овие нарушувања може да доведат до дијабетес, проблеми со меморијата, агресивност и депресија.

Кога се обидувате да ги игнорирате овие појави, вие не правите ништо добро, само оставате истите да се манифестираат во форма на болест или нарушување подоцна.