Околу 32% од луѓето ќе посегнат по таблета во рок од 20 минути од почетокот на болката, а дури 33% од нив земаат аналгетици скоро секој ден на возраст меѓу 18 и 24 години, според студијата на британска компанија, Tiger Balm.

Најчестите причини за земање аналгетици се тензични главоболки, кои се јавуваат како резултат на стрес, недостаток на сон и прекумерно уживање во кафето, алкохолот и цигарите.

Според „Дејли меил“, 41%  од денешната младина веруваат тие денес се под многу поголем стрес отколку што биле нивните родители на истата таа возраст.

Резултатите од студијата за прекумерена консумација на лекови против болки ги загрижиле лекарите, кои посочуваат дека со ова младите луѓе го загрозуваат здравјето на црниот дроб. Исто така, се зголемува бројот на луѓе кои стануваат зависни од аналгетици, а проблемот е што голем број на лекови може да се купат без рецепт, како што посочуваат експертите.