Министерството за здравство ќе плаќа приватна агенција да ги обезбедува покритичните точки каде што постојано има голем број луѓе – клиниката за токсикологија, поранешната градска болница,клиниката за кардиологија и ургентниот центар.
Конечно, бил одржан состанок на кој заедно со лекарската комора, лекарите специјализанти и МВР, било разговарано за последните насилни инциденти во болниците.
МВР изразило подготвеност полицијата да прави редовни патроли околу болниците, а не само откако ќе се случи некој инцидент. При тоа, се потенцира дека во сите досегашни инциденти, напаѓачите завршиле во притвор.
Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува ниту можноста за јавно приватно партнерство за брзата помош.
Физибилити студијата за ова можно партнерство била подготвена пред околу еден месец и сега таа се анализира.