Сте слушнале ли за кефир? Да, тоа е она што личи на јогурт или кисело млеко, но не е ниту јогурт, ниту кисело млеко, па дури и нема вкус. Кефирот е храна која или ја сакате или мразите. Тоа е и храна која многумина ја засакаа, можеби не првично поради вкусот, но секако поради ефективни состојки и благодатите што ги дава на нашето тело. Има малку луѓе кои на почетокот се воодушевени од вкусот на кефирот.

За оние кои не знаат, кефирот е направен од млеко кое е нежно загреано за да се елиминираат евентуалните патогени бактерии. Специфична мешавина од бактерии и култури на квасец се додаваат во млекото за да започне ферментацијата. Уникатната мешавина од бактерии и квасец му дава на кефирот посебен вкус и текстура.

Примарната причина зошто луѓето пијат кефир се неговите пробиотски придобивки. Името го добило по турскиот збор „keyif“, што укажува на „добро чувство“ или среќно црево што го добивате откако ќе го консумирате. Кефирот може да има корист за коските, срцето и имунолошкиот систем и регулацијата на шеќерот во крвта.

Постојат многу рецепти за кефир, кои се разликуваат врз основа на специфичните бактерии и квасец што се користат за ферментирање на млекото и видот на млекото што се користи. Во европските земји, кефирот често се прави од козјо, кравјо, па дури и од млеко од камила.

Холистички Нутриционист – Марија Старделова:

„Кефирот има големо количество на хранливи материи и пробиотици, што го прави особено корисен во процесот на дигестија како и за здравјето на цревата. Поради ова, со редовно консумирање на кефир се подобрува варењето, бидејќи разновидната микробна содржина (пробиотиците) помагаат во балансот во цревата и здравјето и функцијата на дигестивниот тракт. Интересен е фактот што кефирот може да содржи и до 61 различни микроорганизми, што го прави многу посилен извор на пробиотици од останатите ферментирани млечни производи. Покрај тоа, одредени пробиотици во кефирот, како што е пробиотикот Lactobacillus kefiri, штитат од инфекции. Студиите покажуваат дека овој пробиотик може да го инхибира растот на разни штетни бактерии, вклучувајќи салмонела, хеликобактер пилори и ешерихија коли. “

Млекарата VEMILK веќе 5 години работи на производство на квалитетни и хранливи млечни производи, комбинирајќи ги традиционалното знаење и најновите технолошки трендови, во креативна работна атмосфера, функционирајќи на општествено одговорен начин.

Визијата на VEMILK од самиот почеток е секогаш да бидат чекор понапред од конкуренцијата, создавајќи дополнителна вредност за потрошувачите во задоволувањето на нивните потреби за здрава и урамнотежена исхрана.

VEMILK е произведувач на првиот македонски кефир, кој е создаден како спој на традицијата и модерната технологија. VEMILK кефирот е вашето „магично млеко“ за одржување на добро здравје, а благодарение на специфичните „кефирни култури“ е погоден дури и за луѓе кои имаат интолеранција на лактоза.

Едноставно млекрасно!