Министерката Царовска, пак не прави ништо ново, ја нема да излезе со некаква инвентивност, некакво решение, да најде начин како да им помогне на децата кои се заробени во институциите, го продолжува проектот од претходникот нејзин, од претходната власт, сакајќи сега да покаже дека нешто прави и нешто се случува во МТСП. Од тоа што може да се види, освен за сликања, семинари, обуки и по некое состаноче, министерката не може да ја видиме воопшто никаде да се бори за правата на социјалните групи, да прави нешто, некаде да помага, едноставно нешто да работи да си ја заработи платата министерска?
Тоа не се гледа, ама гледаме продолжување на чекори превземени претодно од претходната власт, кои сега се продолжуваат, гледаме дека си местат тендери, дека со Филипче даваат безрезервно илјадници ветувања и НИШТО не прават по тоа прашање, а воедно се гледа дека се партиски војници до бескрај и освен наложеното ништо друго не им е пред очи. Ако така се погледнат работите, тоа што подолу е опишано во овој текст е така и е вистина и треба да им се помогне на овие дечиња, ама тоа не е заслуга на министерката, тоа е заслуга на сите оние храбри мајки и татковци кои имаат можности и згрижуваат дечиња. Браво за нив!
40 годишната Анета Тимевска од Скопје, иако има син, побара и доби сертификат да згрижи уште едно дете без родители. Од септември, во нејзиниот дом ќе влезе детето за кое ќе се грижи до 18 годишна возраст, како што предвидува Законот за згрижувачко семејство. Според Министерството за труд и социјална политика, кое спроведува политика на деинституционализација, во Македонија има околу 200 деца на кои им е потребно згрижување. Тимевска вели дека ниедна институција не може да ја замени топлината на семејството.
„Практиката на европските земји покажува дека многу подобро за децата е да имаат семејна грижа отколку да бидат во државни институции“. Старатели можат да станат сите семејства со соодветни услови за домување и приход, добра здравствена состојба и положена обука за згрижување деца.
Отпеано е твоето министерке ги видовме твоите можности, знаеме толку можеш, тој е капацитетот! – посочија граѓаните