Клиниката за детски болести соопшти дека вчера кај нив со возило на Итна медицинска помош било донесено напуштено бебе.
„На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во една скопска населба. Се работи за машко новороденче, со родилна тежина 2.400 грама. Новороденчето е згрижено на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, преземени се сите неопходни мерки во вакви случаи“, соопшти Клиниката за детски болести.
Директорката на Клиниката за детски болести д-р Катерина Ставриќ рече дека новороденчето е згрижено на одделот за неонатологија и дека е во добра здравствена состојба.
„Го донеле од Итна медицинска помош, штотуку родено. Информирани се центрите за социјална работа и полицијата“, вели Ставриќ.