Вкупно 99 пациенти сомнителни и позитивни на Ковид-19 во изминатото деноноќие се наоѓаат на лекување во ковид центрите во Македонија. Според извештаите кои пристигнуваат до Министерството за здравство, во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти, а во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 15 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите.
Од Министерството за здравство посочуваат дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.