Утрово Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска информираше дека во Ковид центарот се хоспитализирани вкупно 62 пациенти, од кои 55 на инфективното и седум на кожното одделение. Слободни места има само за уште за осум пациенти.
На инфективното одделение во штип битката со коронавирусот ја загубија тројца пациенти на возраст од 63 до 73 години од Берово, Пробиштип и село Тодоровци.
Инфектолозите алармираат дека во овој бран на делта сојот им пристигнуваат пациенти во тешка здравствена состојба. Вкупно 46 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Во текот на вчерашниот ден, во дневната амбуланта прегледани се 25 лица.