Минатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ беше изведен комплициран оперативен зафат, реконструкција на горен екстермитет, во кој на 44 годишен маж повреден со огнено оружје му беше направена трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

– Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Oштетена e една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот користена е фибула од починат донор и истата е фиксирана со плочки и штрафови – објаснува Д-р. Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој учествуваше во транспланатацијата заедно со Д-р. Александар Савески.

Пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и враќање на комплетната функција на раката.

Ова е трета по ред транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22 во последниве три години откако на Клиниката за Ортопедија започна да се работи експлантација и трансплантација на коскени ткива од починат донор.