Маријана Алексовска боледува од карцином на црниот дроб. Потребна и е итна операција во Германија, во најкраток можен рок.
Од петокот е поставена кутија за донации во пабот Cliff of Moher во Скопје, а целиот приход од продажбата на билети за Таксират Фестивал ќе биде наменет за лекување на младата жена.
Трансакциската сметка на која можат да донираат граѓаните е 210-7000006555-65, а број за контакт е 077 / 513 – 719.