По изјавата дека не е во состојба да го следи судскиот процес, првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, Боки 13, беше прегледан од лекарски тим.

Докторот истакна дека Јовановски се жалел на болка во стомак, како и на вртоглавица. Притисокот му бил 140-100, што според лекарот е резултат на стресна реакција поради што му дале дијазепам.

-Свесно може да го следи судењето, рече лекарот.