Точно е дека синоќа снема струја на Клиниката за гинекологија и дека агрегатот се исклучи, но на Клиниката има дополнителни резервни системи во вакви ситуации, така што ниту еден пациент не беше загрозен и ниту пак безбедноста на бебињата во инкубаторите била доведена во прашање, вели директорката на Клиниката за гинекологија д-р Викторија Јовановска за ТВ24, откако дел од медиумите пренесоа дека поради снемувањето струја, во прашање биле доведени животите на бебињата во инкубаторите на Клиниката.

Големиот дефект на трафостаницата „Козле“ вчера попладне го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.