Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање. Мерките кои се воведени започнаа да важат од вчера и тоа за областа Минханг, а ќе важат и за уште седум градски области.

Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендов планирано е да се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин.

По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19.

Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот.