Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 481 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.