После повеќе од една деценија конечно ќе се прошири позитивната листа на лекови. По многу пробиени рокови формирана е Комисија од стручни лица, која ќе се состанува двапати месечно и ќе одлучува дали одреден лек ќе биде на позитивна листа. Но не се знае кога точно ќе започне да се ажурира листата.

Комисијата ќе работи на тој начин што прво ќе ги разгледува апликациите од компаниите кои бараат нивниот лек да биде на товар на Фондот за здравство, а потоа нивните заклучоци ќе ги достават до Министерството за здравство и управниот одбор на Фондот за здравство кои заедно треба да ја донесат конечната одлука дали лекот ќе е на позитивната листа. Претседателката на стручната комисија Шутуркова вели дека со тоа што листата ќе се ревидира после 13 години ќе имаме поголема достапност на иновативни лекови.

– Примената на овој правилник ќе овозможи на фармацевските компании, особено на иновативните компаниии да регистрираат поголем број на лекови во Македонија, со што ќе се овозможи достапност на лекови до пациентите, вели д-р Љубица Шутуркова, Претседателката на стручната комиисија.

Министерот Меџити освен ветување за проширување на позитивната листа на лекови вети и дека ќе се надмине проблемот со вработување на медицински персонал во болниците. Се договориле со министерот за финансии Бесими, отсега за вработувањата да одлучува министерството за здравство, а не финансии. Бидејки, како што рече Меџити, неколкупати се опоменувани од Антикорупциска комисија дека во здравство се држат вработени со договор на дело подолго од 6 месеци.