Понекогаш не сме ни свесни дека некои работи во домот може да ни наштетат како на здравјето, така и на убавината. Колку и да ни е удобно во домот, сепак мора да внимаваме на некои опасни работи кои ја нарушуваат убавината после одреден период.

Со тек на време, доколку сте подложни на некои такви фактори, вашата кожа ќе изгледа постаро. Токму затоа, погледнете кои работи во домот или работната околина се штетни за убавината.

  • Централно греење или клима уред

Заради промените во температурите надвор и внатре, кожата може да почне да се суши и тоа да доведе до брчки.

  • Решение: Користете уреди за навлажнување на просториите, редовно навлажнувајте ја кожата и секогаш имајте шише вода до вас.

Сапун

Иако е добро да се води сметка за хигиена, сепак секојдневното миење со сапун и други средства на лицето, води до измивање на заштитниот слој кој нè штити од бактерии и спречува предвремено стареење.

  • Решение: Внимателно гледајте ја содржината на сапуните и геловите и ако е можно откажете се од секојдневното миење со средства.

Спиење на памучни навлаки

Ваквите навлаки за перница не се идеални, посебно за оние кои спијат на страна, бидејќи во текот на ноќта се прават набори на кожата што понатаму преминуваат во брчки.

  • Решение: Заменете ги памучните навлаки со свилени – можеби се поскапи, но се подолготрајни, мазната површина не ја оштетува кожата и спречува создавање бактерии.

Шеќер

Јасно е дека шеќерот предизвикува дебелеење, но неодамнешни истражувања покажале и дека исто така придонесува за предвремено стареење и создавање воспалителни процеси на кожата.

  • Решение: Заменете го шеќерот со мед, стевиjа, јаворов сируп и слични природни алтернативи.

Телефони и компјутери

„Осудени“ сме на сината светлина од електричните уреди од утро до вечер, но докажано е дека таа може да биде штетна колку и сончевите зраци.

  • Решение: Ако не можете да го ограничите времето на користење на овие уреди, барем инвестирајте во заштитен екран и очила со стакла за заштита од оваа светлина.