Осумгодишно дете потполно ги шокирало докторите така што почналo да го победува терминалниот рак – без никакво лекување.
Семејството на Џулијан вели дека на крај добиле нова надеж откако “прифатиле дека е на пат без враќање” по безуспешниот третман.
Ова храбро момче пати од акутна лимфобластна леукемија од 2011. година. Станува збор за вид на рак во белите крвни зрнца кој го уништува телото.
Џулијан успеал да ја победи смртоносната болест три пати по неколку серии на третмани хемотерапија и трансплантација на коскена срж.
Но 2017. година ракот се вратил четврти пат и тој буквално ги срушил него и неговото семејство откако лекарите им рекле дека нема да ја дочека следната година.
Притоа, не можел да подлегне на уште една серија третмани бидејќи докторите утврдиле дека за него веќе не постои ниту едно медицинско решение кое би можело да му помогне.
Меѓутоа, крвните резултати почнале да се поправаат, па докторите одлучиле да извршат пресадување на коскена срж како би виделе дали тоа ќе му помогне.
Тестовите покажале дека состојбата се подобрува, а лекарите на родителите им рекле дека ракот во коскената срж е преполовен.
Според нив, ова е случај кој се случува еднаш во седум милијарди.
Тие сега тврдат дека болеста на Џулијан се трансформира во облик на рак кој може да се лечи.
Неговата мајка убедена е дека алкалната вода и свежите исцедени сокови му помогнале на Џулијан, а лекарите се препишуваат на чудо бидејќи станува збор за нешто што прв пат гледаат.