Речиси и да не постои човек кој не сака тазе испечен леб.
Неговата хипнотизирачка арома во комбинација со крцкавата коричка и богатиот заситен вкус на печиво што се топи во уста е незаменлива.
За оние што не можат да си го замислат животот без тесто, „добрите“ научници во далечниот Израел измислиле диета со леб, со чија помош може да симнете неверојатни десет килограми за само две недели.
Еве што треба да знаете пред да ви го претставиме овој режим на исхрана.
Научниците од Израел под водство на познатата нутриционистка Олга Рез-Каснер велат дека редовното внесување сложени јаглехидрати, какви што има во лебот, во комбинација со немасно сирење и овошје, го намалуваат чувството на глад и помагаат да ослабиме. Исто така, овој начин на исхрана е корисен за дијабетичарите, бидејќи ја намалува желбата за благо, го намалува холестеролот, крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта.
Во основа, диетата се состои од две етапи. Кај двете заедничко е тоа што цело време треба да пиете многу вода, минимум 7 чаши дневно. Дозволено е да се пие кафе и овошен сок, но во разумни количини. За време на диетата не е лошо да земате и калциум и мултивитамини.