Во Скопје за да би направиле мамографија би требале да чекате околу 2-3 месеци. Од вкупно 25 јавни здравствени установи во Република Македонија од 7 здравствени установи каде се прави мамографија, моментално во ниту една клиника нема термин порано од декември.
Во градовите Битола, Вевчани, Велес, Струмица, Радовиш, Струга и Ресен може во било кое време да закажете термин за преглед. Пред неколку години на специјализација за радиологија се запишани 2 лица кои одат на работа и во соодветна установа, во 2016 се запишани уште двајца, но тие не се ни почнати бидејќи надлежниот бара да одат на работа во итна помош.
Втор пример, е во самата Клиника за радиологија во Скопје каде што исто така има 4, од кои една е на одмор, 2 се на боледување, а моментално еден е на работа. Поради нестручност, несоодветен кадар и одлив на доктори во странство страдаат граѓаните на Република Македонија. Вчера во Република Македонија се одбележа и меѓународниот ден за борба против рак на дојка.
Кај нас статистиката покажува дека во 2018 година се регистрирани вкупно 1.356 нови случаи на заболени жени од рак на дојка. Во периодот од први јануари 2017 година до крајот на септември годинава закажани се над шеесет илјади прегледи за повеќе од осум илјади пациенти заболени од малигна неоплазма на дојка. Најмладата пациентка е на 17-годишна возраст, а највозрасната има 97 години.
За проблемот на кој се пожалија жени што биле оперирани од рак на дојка, дека бараат иновативните лекови да бидат ставени на позитивна листа и да се намали чекањето за преглед кое трае до 2,3 месеци, за мамографија или за ехо.