Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе во светот за 2023 година.
Реномираниот сајт за храна и гурмани „Тејст атлас“ (Taste Atlas), во чии рамки спаѓаат наградите Тејст атлас, високото прво место му го доделија на ајварот, како најдобар деликатес во светот во 2023 година.
„Ова традиционално уживање од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, пишува на фејсбук-профилот на „Тејст атлас“.
На престижната листа, во топ 5, како врвни специјалитети се најдоа и македонскиот пинџур, бугарската лутеница, пиклиз од Хаити и закуска од Романија.
Македонскиот ајвар е оценет со 4,52 во категоријата relishes (сладост), а пинџурот доби оценка 4,26. Aјварот, исто така, се најде на второто место во категориите dips (макала) и spreads (намази)