При гостувањето на дебатната емисија на една од телевизиите во македонскиот етер, министерот Венко Филипче се пофали со набавување на новиот лек за хепатит Ц, кој според информации од одредени извори е набавен од страна на неговата невладина организација.
Станува збор за лек кој е корисен за овие болни лица, но воедно е и нов лек но дилемата се отвора зошто тој се носи како што пренесуваат некои медиуми преку невладината на министерот Филипче. Ова не е прв пат да се носи лек преку неговата невладина организација односно кон крајот на август имаше информации дека инсулинот беше набавен преку истата таа организација. Инсулинот беше поделен кон средината на август. Овој лек па за хепатит Ц има рок до април 2019 година. Според правните норми тој ја фаќа граничната линија зошто согласно закон не смее да се врши набавка на лекови чиј што рок е помал од 6 месеци.