Во денешно време, депресијата се смета за толку честа појава што речиси стана секојдневие. Тоа и не е така чудно со оглед на фактот што живееме во општество каде владеат изместени вредности и на секој чекор се случуваат неправди. Но, доколку се чувствувате лошо и се обвинувате себеси поради тоа, психолозите имаат нешто да ви порачаат.

Елвира Алета, психолог и авторка на веб-сајтот Explorewhatsnext, има еден совет што сака да го сподели со сите добри луѓе. Накратко, советот гласи: „Не грижете се, не е до вас“.

„Пред да си поставите дијагноза дека страдате од депресија или дека имате ниска самодоверба, прво запрашајте се да не сте случајно опкружени со будали.“ – Вилијам Гибсон

Многумина ќе се пронајдат во оваа реченица. Размислете за вашите минати искуства. Колку пати досега туѓото однесување влијаело на тоа како се чувствувате? Колку пати сте морале да ја прекинете врската или да се откажете од некое пријателство затоа што тој однос ѝ наштетувал на вашата самодоверба? Луѓето можат да ја покажат нивната злоба, расипаност и глупавост на различни начини. Доколку луѓето во вашиот живот ги поседуваат следниве три карактеристики, проблемот можеби не е до вашата самодоверба или депресија. Прочитајте кои особини ги „красат“ глупавите луѓе…

1. Глупавите луѓе уживаат во нивната глупавост

Под глупавост не се мисли на ниска интелигенција. Никој не е постојано паметен и не постои човек кој знае сѐ. Тргнете од себе: Кога не знаете нешто, најпрво признајте го тоа. А што е уште поважно, немојте да им држите лекции на другите луѓе за работи кои не ги познавате добро. Но, тоа нема да ги спречи глупавите луѓе да се фалат со нивното „знаење“. Тие се намерно глупави и уживаат во тоа.

2. Глупавите луѓе се гласни и бучни

Дали глупавите луѓе можат да бидат тивки и срамежливи? Можеби, ама тешко дека ќе се сетите на таков пример. Поголемиот дел од нив не се заинтересирани за разговори во кои тие би требало да слушаат. Тие држат монолог, викаат, го нарушуваат вашиот личен простор и не се ни свесни дека го прават тоа. Постои можност дека го прават тоа за да ве исплашат. Во секој случај, тоа не е добро за вас.

Психолозите советуваат: Не сте во депресија, туку опкружени сте со глупави луѓе

3. Глупавите луѓе се себични насилници

Тие гледаат само за себе. Ги омаловажуваат мислењата, чувствата и успесите на другите луѓе и на тој начин си го „пумпаат“ сопственото его и чувството дека вредат многу повеќе од останатите.

Зошто глупавите луѓе прават да се чувствуваме депресивно?

Доколку постојано сме опкружени со такви луѓе, тие можат да влијаат на нашата самодоверба. Родителите нѐ учеле да бидеме љубезни, добри, да ги слушаме и почитуваме другите. Истото го очекуваме и од останатите. Го почитуваме туѓото мислење, дури и кога не се согласуваме со него. Добрите луѓе не се лутат брзо и имаат тенденција да ги нагласуваат позитивните особини на другите.

Однесувањето на глупавите луѓе прави да се чувствуваме глупаво, затоа што го дозволуваме тоа. Кога често се гледаме со такви личности, со текот на времето нашата самодоверба се намалува, се чувствуваме безнадежно, уморно, тажно и депресивно. Хроничната емоционална злоупотреба навистина може да доведе до депресија.

Што да направите за себе?

Бидете искрени кон самите себеси. Кога еднаш ќе ја согледате ситуацијата реално, ќе ви биде полесно да си ја вратите самодовербата. Поминувајте што помалку време со таа личност. Грижете се за себе. Времето поминувајте го со луѓе кои прават да се чувствувате добро, па дури и ако се работи за вашите домашни миленици. Сега кога можете да ги препознаете глупавите луѓе, време е да се извлечете од тагата и депресијата и да се ослободите од овие токсични личности.