Добро е познато дека протеинот игра важна улога во целосното функционирање на нашето тело. Доколку не внесувате доволно количество протеин, вршите еден вид тортура на телото, а тоа влијае и на недостигот на енергија и концентрација. Постојат знаци и симптоми кои укажуваат на недостаток на протеин.

1. Постојана потреба за храна

Ако постојано сте гладни и имате потреба од храна, причината може да биде ниското ниво на протеин и исхрана полна со јаглехидрати, односно шеќери. Проблемот е во тоа што внесуватевисококалоричната храна која има малку протеини во односот на калориите.

2. Губење на мускулната маса и болка во зглобовите

Мускулите ги складираат и ги чуваат резервите на протеини во телото. Слабост во мускулите, болка и губење на мускулната маса е знак дека ви недостасува протеин во организмот. Ваквите симптоми се поинтензивни кај постарите луѓе, бидејќи протеинот е клучен за растење и одржување на мускулите.

3. Проблематична кожа и нокти

Недостатокот од протеин резултира со слаби нокти, а понекогаш се појавуваат и бели точки или линии низ ноктите. Недоволното присуство на протеин негативно влијае и на кожата, бидејќи тој ги регенерира клетките и прави замена на мртвите со создавање нанови клетки. Доколку не внесувате доволно протеин, вашата кожа ќе биде сува и испукана.

4. Опаѓање на коса

Речиси 90% од косата содржи протеин под името кератин. Ако не внесувате доволно хранливи материи, косата станува тенка. Ова се случува затоа што организмот го користи протеинот за други „поважни“ намени отколку што е растот на косата.

5. Маснотии во црниот дроб

Таложењето масти во црниот дроб е еден од најчестите симптоми за недостиг на протеини и доколку не се третира ќе доведе до болести, како воспаление или оштетување. Ваквите симптоми најмногу се појавуваат кај луѓето кои не ја балансираат својата исхрана, не внесуваат доволно количество протеини, кај оние кои консумираат многу алкохол, кај луѓето со зголемена телесна тежина, па дури и кај децата.

6. Ризик од скршеници на коските

Како и на мускулите, недостигот на протеини влијае и на коските, односно доведува до нивно слабеење, со што се зголемува ризикот од скршеници. Причина за ваквата појава е што протеинот е неопходен за апсорбирање на калциумот и учествува во метаболизмот на коскените ќелии.

7. Проблеми со спиење

Ако имате проблеми со сонот, и тука голема е веројатноста да имате недостиг на протеини во телото. Протеините кои ги внесуваме преку храната се градежен материјал за триптофан, аминокиселина која доведува до поспаност. Затоа пред спиење, но и во текот на денот е важно да се консумираат производи богати со протеини кои ќе ни помогнат во регулирање на сонот.

8. Намалена мозочна функција

Доволен број протеини е неопходен за правилно функционирање на мозокот. Ако почувствувате недостиг на мотивација или проблеми со меморијата, тоа е знак дека немате доволно протеини. За нормално функционирање на мозокот и телото потребни се соодветна количина на допомин, епинефрин и серотенин – невротрансмитери потребни за нормален фокус на телото.

За да не се соочите со горенаведените симптоми и проблеми кои може да ги предизвика недостигот на протеин, внесувајте оптимална количина протеини, согласно возраста и физичката активност. Внесувањето на протеини сега е едноставно и достапно и преку Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс кој во само 2 парчиња има 10 грама протеини. Погоден е за сите возрасти, но и за вегани, затоа што големото количество протеини во него произлегува исклучиво од растително потекло, односно од гравот.