Неизвесноста околу терапијата на заболените од ХМЛ и понатаму е еден од горчливите проблеми со кои се соочуваат овие пациенти , на денот на одбележувањето на Меѓународниот ден на хронична миелоична леукемија 22 септември.
Во присуство на првиот човек на Фондот за здравство, Ден Дончев, од здружението повторно ја искажаа загриженоста за лековите со кои се третира ова заболување.
Повеќе од 150 пациенти во Македонија кај кои е дијаностицирано ова заболување, се исправени пред предизвикот дали залихата која е на располагање ќе биде доволна додека пристигне новата набавка. Раното дијагностицирање на ова заболување повеќе не е проблем за медицината, бројот на ново заболени е стабилен без забележителен пораст .
Пациентите кај кои најчесто е дијагностицирана Хронична миелоична леукемија се најчесто во својот репродуктивен период , со редовни прегледи и контроли докторите истакнуваат дека слободно може да размислуваат за потомство без стравување на наследување на болеста на своето дете.
Проблемот со лековите и набавките на пациентите со хронична миелоична леукемија, смртоносно хемотолошко заболување е најголемиот проблем со кои ова здружение се соочува од нивното основање во 2007 година.