Според експертите за исхрана, препорачливо е да се внесуваат 2.000 милиграми (1 мала лажичка) натриум дневно. Но утврдено е дека во просек внесуваме речиси 3.400 милиграми. Вишокот сол може предизвика хипернатремија и бројни здравствени проблеми. За да ги избегнете, внимавајте на следниве знаци.
- Отоци
Ако прстените ви се малку тесни, ако ви отекуваат стапалата или ако наутро ви отекува лицето, веројатно внесувате премногу сол. Ова е состојба во која вашето тело почнува да задржува вишок вода како резултат на големото количество сол. Нарушувањето е наречено едема и се третира со строга диета.
- Жед
Натриумот во солта помага да се направи рамнотежа во течностите во вашето тело. Кога јадете премногу сол, на телото му се потребни повеќе течности за да ја исфрли од системот за вашите мускули и органи да можат да функционираат правилно. На овој начин вашето тело го изедначува односот на вода и натриум, а пиењето вода е одличен начин да ги вратите нештата во нормала. Исто така не заборавајте дека нередовното пиење вода може да го присили вашето тело да собира течност од клетките и да ве дехидрира.
- Промена во урината
По правило, преголемото количество натриум во телото предизвикува сериозни промени во урината поради 2 причини:
1. Консумирањето многу сол ги тера бубрезите да работат повеќе за да ја исфрлат од телото. Ова може да резултира со болести на бубрезите па може почесто да одите во тоалет, а вашата урина да биде транспарентна.
2. Премногу натриум во телото може да води до дехидратација. Кога има значително губење на течностите на телото, се намалува количеството на урина и таа се претвора во темно жолта.
- Болки во коските
Прекумерното консумирање сол може да им наштети и на коските. Кога внесувате премногу кујнска сол, бубрезите не можат целосно да ја исфрлат, а ова го зголемува губењето на калциумот. Хроничниот недостаток од калциум резултира со слаби коски, проблеми со забите, па дури и остеопороза.
- Грчеви во мускулите
Одржувањето на рамнотежата на натриумот и калиумот е клучна за вашето здравје. Овие хемиски елементи се одговорни за контракциите на мускулите. Ако ја нарушите рамнотежата со премногу сол и солена храна, ќе чувствувате грчеви или болка во мускулите.
- Постојани главоболки
Вишокот натриум го зголемува волуменот на вашата крв, па таа зафаќа повеќе место во крвните садови. Ова проширување на крвните садови предизвикува висок крвен притисок и може да биде причина за силни главоболки.
- Когнитивни проблеми
Високиот крвен притисок предизвикан од вишокот сол може да ги оштети артериите кои водат до вашиот мозок. Ова може да има влијание на вашата способност за размислување и да ви го отежни фокусирањето на дневните задачи. Покрај тоа, дехидратацијата може да предизвика проблеми со сеќавањето, замор и бавно реагирање.
* Како да го намалите консумирањето сол?
Избегнувајте ја храната што содржи најмногу сол. Овде спаѓаат леб, пици, сендвичи и бургери, конзервирано месо, конзервирани супи и слично.
Избегнувајте преработена храна или храна од ресторан. Често овие оброци се полни со адитиви, како и со многу натриум.
Секогаш проверувајте ги состојките и количеството натриум во намирниците. Најдобро е да користите намирници со 5% или помалку натриум од препорачаната дневна доза.
Експериментирајте со нови вкусови. Наместо да додавате сол, подобрете го вкусот на храната со свежи и суви зачини, или киселини како лимон и оцет.