Многумина од нас практично го користат греењето на становите во зима, па облеката ја сушиме во станот или на самиот радијатор. Но, истражувањaтa покажаa дека тоа и не е најдобра идеја затоа што така можеме да го загрозиме нашето здравје.
Испарувањето на детергентот и омекнувачот до кое доаѓа поради сушење на облеката на радијаторите предизвикува зголемен ризик од појава на алергени и со самото тоа појава на алергии.
Експертите велат дека покрај радијатор секогаш треба да чувате сад со вода, затоа што во спротивно воздухот се суши толку многу, а тоа негативно влијае на респираторната слузница која станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на разни инфекции.
Исто така, се покажало дека сушењето на гардероба во станот го зголемува нивото на влага за 30 проценти и дека со себе предизвикува зголемен ризик од астма и алергии на кои особено се изложени најмладите.
И покрај предупредувањата на експертите дека за сушење облека се наоѓа алтернативен начин, од старите методи не се откажуваат дури 87 проценти од домаќинствата во Глазгов, каде е спроведена студијата.
Три четвртини од сто испитани домови имале влага, грини, што укажува дека старите навики мора да се променат.
Симптомите на респираторна инфекција се бројни – кашлање, хроничен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или гадење.