Промените во бојата и мирисот на урината е нешто на што секогаш треба да обратиме внимание, бидејќи истите може да бидат индикатор за сериозни здравствени проблеми.
Постојат неколку причини, поради кои урината може да го промени нејзиниот мирис, а еве кои се 4-те најчести:
1. Дијабетес
Кога урината има сладок мирис, тоа е всушност мирис на вишокот шеќер во крвта, што е еден од најчестите симптоми на дијабетес.
2. Нарушување на функцијата на бубрезите
Еден од основните симптоми на нарушена бубрежна функција е токму силниот мирис на урината, проѕирна боја и пенлива текстура. Токму затоа, доколку забележите некој од овие симптоми, треба да се консултирате со вашиот лекар.
3. Гонореја
Непријатниот мирис на урината може да биде симптом на гонореја, како и болката при уринирањето. Ова правило важи и за останати болести, пренесени по полов пат.
4. Бубрежен камен
Непријатниот мирис и темната боја на урината се признаци за бубрежен камен. Исто така, овие симптоми може да бидат надополнети со болка во долниот дел од грбот.