На притисоците, уцените и политички терор одговараме со масовност и храброст. Тоа е финале на еден процес и на нов почеток, финале на процес на преструктурирање на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на силна битка против власта која треба да си замине на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Вака накратко Александар Николовски друг агол, го анализира големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
Предвремени или редовни избори, пишува Николовски, зашто власта веднаш по митингот побрза да одговори дека не е подготвена да го прифати предизвикот за избори заедно со првиот круг на претседателските.
СДСМ и Заев јасно покажуваат дека тоа што јавно го критикувале во минатото сега го имаат зголемено десетици пати, вели Николовски. Без контрола на полицијата, буџетот, администрацијата, земјоделците и разните социјални категории не сакаат на избори.
Договорот во Пржино предложи министри за внатрешни и труд и социјала и заменици во земјоделство и администрација, вели Николовски и сега и тие го бараат истото како гаранција за фер избори.
Судството е корумпирано од власта, а судовите објавуваат пресуди во нивна корист, пишува Николовски и додава дека тоа биле истите судии за кои Заев имал критики и за кои велел дека ќе има генерален реизбор, но заборавиле да пресудат на она што цела јавност го виде како бара мито за себе и за брат му Вице.
Полицијата апси без налог, без да се симне имунитет на пратеници, а судството и обвинителството оневозможуваат основни права на жени или не даваат на болни да се лечат, анализира Николовски. Тоа е начинот на кој власта и Заев сакаат да владеат, но народот ќе ги казни наскоро.
Младите долго беа симбол на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал, поради погрешни политики станаа предводници на т.н. Шарена револуција и факторот кој помогна СДСМ да се доближи на парламентарните избори во 2016 и да победи на локалните во 2017.
Сега, вели Николовски, време е на ВМРО-ДПМНЕ да ја канализира таа енергија и со добар тим, издржана програма и многу храброст и масовност да се спротивстави на власта на Заев, која, коцкајќи се со националните интереси на Македонија, мисли дека може да владее со страв и терор. Најавува многу средби наскоро низ цела Македонија, за да се стави крај, на како што вели овој терор кон народот.