Ноќните кошмари може да бидат измачувачки за личноста и да ја чинат неколку непроспиени ноќи и постојана вознемиреност, но и да доведат до проблеми со спиењето. Оние кои често имаат кошмари некогаш дури и не сакаат да спијат, затоа што никогаш не се одморени, а физичкото и менталното здравје веќе се доведени во прашање. Но, се чини дека ваквите ноќни терори имаат и позитивна страна – тие ви помагаат да ги идентификувате причините за стресот, особено ако доаѓа од работното место.
- Соочете се со стравот
Најпрво, треба да дефинирате што е она што е страшно во кошмарот. Можете тоа да го направите со терапевт или со близок пријател. Препознајте што ја предизвикува анксиозноста и ако е потребно, водете дневник на дневни настани и ноќни кошмари. Исто така, прочитајте кои се најчестите лоши соништа и што тие ви кажуваат:
- Паѓање
Многу често се случува да сонуваме како паѓаме, а истото се случува и со луѓето околу нас.
Значење: Ситуацијата на работа може да се влошува во следниот период или пак на некоја врска или пријателство им се ближи крајот.
- Прогонување
Ако сонувате дека некој ве брка или прогонува, може и по будењето уште да чувствувате страв.
Значење: Избегнувате некоја голема промена во вашиот живот, односно не сакате да си признаете дека работата или некоја врска веќе се премногу лоши за вас.
- Доцнење за нешто важно
Можеби сонувате дека сте задоцниле на важен тест, но откако ќе се разбудите сфаќате дека поминале многу години откако бевте ученик.
Значење: Нешто не ви дава мир. Пронајдете што е тоа.
- Огромен бран
Ако сонувате дека ве поклопува огромен бран, може да се случи дури и во реалноста да се борите за воздух.
Значење: Исто како и доцнењето, овој сон значи дека имате премногу проблеми кои не ви даваат мир.
- Паѓање на забите
Иако чуден, сепак многу луѓе во светот го сонувале овој сон.
Значење: Се соочувате со слабост, привремена немоќ или не можност да се соочите со некој проблем во вашата работа.