Министертвото за здравство информира дека во последниве 24 часа се регистрирани 119 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 2065 тестирања. Позитивните случаи се регистрирани во: Скопје 53, Куманово 9, Штип 4, Прилеп 13, Тетово 4, Струга 2, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 6, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 3, Пехчево 2, Берово 5, Делчево 6, Свети Николе 3, Кичево 3 и Неготино 1.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 297 оздравени пациенти и тоа од Скопје 56, Куманово 9, Штип 37, Прилеп 3, Тетово 4, Струга 85, Велес 13, Битола 6, Охрид 34, Гостивар 20, Струмица 3, Крива Паланка 2, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 4, Виница 1, Кратово 1 и Кичево 15.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 83 од кои 50 добиваат кислородна поддршка и ниту еден не е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 48 од кои петмина се приклучени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на Ковид-19.