Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11, Богданци – 9, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5, Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Дојран – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.
Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од: Скопје – 4.208, Битола – 582, Прилеп – 317, Охрид – 302, Струмица – 176, Куманово – 170, Тетово – 143, Кавадарци – 136, Струга – 107, Гевгелија – 105, Велес – 92, Крушево – 84, Гостивар – 82, Кичево – 72, Валандово – 71, Штип – 67, Ресен – 66, Неготино – 59, Делчево – 58, Кочани – 57, Радовиш – 54, Крива Паланка – 41, Берово – 34, Кратово – 31, Свети Николе – 25, Демир Хисар – 24, Богданци – 23, Македонски Брод – 17, Виница – 16, Македонска Каменица – 15, Пробиштип – 12, Пехчево – 9, Демир Капија – 8, Дојран – 7, Дебар – 3.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39г до 90г. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.