ве лица кои беа заболени од коронавирусот утрово починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Едниот пациент имал 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. Вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на шест.
Филипче притоа информираше дека денеска се потврдени уште 16 новозаболени со коронавирус, од кои три лица од Скопје и Куманово се хоспитализирани на Инфективната клиника. Вкупната бројка на заболени во змејава се искачи на 257. Во моментов таму се наоѓаат 49 лица од кои седум си потешка клиничка слика, но засега нема пациент ставен на респираторна машина, информираше Филипче.
Истовремено министерот за здравство рече дека и двајца од пациентите таму на вториот тест покажале дека се негативни на коронавирусот, а утре втор тест ќе им се прави на уште пет пациенти, по што очекуваат за неколу дена седум лица како излекувани да бидат пуштени дома.