Кога помислуваме на здрав оброк веднаш на памет ни доаѓа некаков вид на салата. Но доколку сакаме навистина да подготвиме урамнотежен, лесен и хранлив оброк треба да внимаваме кои додатоци ги користиме.
Еве неколку примери за тоа кои додатоци би можеле да ги избегнуваме:
Сланина: изобилува со маснотии, а во само две парчиња има дури 100 калории. Затоа заменете ја со пилешко.
Сирење: иако изгледа како прилично здрав и вкусен додаток, сепак и сирењето содржи многу калории. Намалете ја барем количината.
Пржени и поховани додатоци: пржен кромид или тортилја-чипс ќе ја претворат вашата салата во нездрава храна, а ќе додадат и повеќе калории и преработени јаглехидрати.
Преливи: ова е моментот кога нашиот оброк станува се освен здрав и лесен. Преливите содржат калории, шеќер, вештачки состојки, заситени масти и натриум. Доволно е исцеден сок од свеж лимон и маслиново масло, со малку сол и на здравје, салатата е подготвена. Не заборавајте, лимонот содржи витамин Ц, а маслиновото масло е извор на витамин Е и на здрави масти.