Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.
Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од едендо 14 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.
Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени.