Обрнете внимание што јадете за појадок, од него зависи каков ќе ви биде денот

Здравиот појадок е одлична работа – ве тера да слабеете, подолго ве држи сити и благодарение на него сте полни со енергија. Но, сето тоа важи доколку знаете што да…

Здравиот појадок е одлична работа – ве тера да слабеете, подолго ве држи сити и благодарение на него сте полни со енергија. Но, сето тоа важи доколку знаете што да јадете!

Консумирајте протеини: Она што се случува во вашето тело кога сте гладни е тоа што лачи грелин, кој е хормон на гладот, па затоа е добро да земате храна која е полна со протеини, на пр. јогурт, органски путер од кикирики, јаткасти плодови…

Зеленчукот е важен: Зеленчукот има многу придобивки за вашиот организам, а една од нив е тоа што помага во работата на цревата, па затоа секогаш во појадокот додавајте малку зеленчук, на пример спанаќ, кромид…

Вклучете ја маста: Нешто што ќе биде многу пријатно за вашето тело е да додадете здрави масти во вашата исхрана, кои ги има на пример во бадем, кокосово масло, авокадо итн. Сепак, внимавајте со овие намирници и не претерувајте!

Наместо слатки, јадете нешто солено: Доколку досега сте консумирале благо за појадок, во вид на снегулки и сл. тогаш обидете се да ја промените таа навика. Подобро би било да јадете нешто конкретно и солено, бидејќи преку храната ќе внесете доволно енергија во организмот, а патем и ќе го одржите шеќерот во крвта на добро ниво.


Related Articles