Ги знаете оние намирници кои ни се омилени во деновите кога водиме сметка за нашата исхрана, тоа се обично диетални замени за закуски и слатки. Меѓутоа, тие честопати можат да бидат само обична измама. Најчесто, овие намирници се полни со јаглени хидрати, а ефекти од диетата речиси и да нема.

Јаглехидратите се скоро синоним за вишокот килограми, а покрај колачите и слатките, тие се кријат и во некои здрави намирници, кои не би требало да бидат целосно елиминирани од исхраната, но дефинитивно би требало да обрнете внимание на нив, затоа што честопати им даваме место во менито, кога сме на диета:

1. Костени

30 грама костени имаат околу 15 грама јаглени хидрати и помалку од еден грам протеини. Од друга страна, костените содржат само една третина калории како иста количина на други јаткасти плодови, па затоа е во ред повремено да ви бидат ваш избор за ужина.

2. Суви смокви

Нема сомнение дека смоквите се полни со растителни влакна, а вреден извор се на бакар, калиум, манган и витамин Б. Но, кога ќе ја исушите смоквата, исто така е многу богата со јаглени хидрати. Само 6 суви смокви содржат повеќе од 30 грама јаглени хидрати. Сепак, сувите смокви имаат и многу позитивни својства: не содржат маснотии, па се одличен избор за меѓуоброк, само внимавајте на големината на порцијата.

3. Ржани крекери

Многумина ги јадат наместо леб и мислат дека на себе многу си помогнале, но тоа е заблуда. Триесет грама ржани крекери содржат околу 23 грама јаглени хидрати. Со оглед дека имаат богата хранлива вредност, одлучете се за крекер до два со оброкот, се над тоа ќе биде против вас.

4. Колачиња без шеќер

Колачи кои не содржат шеќер, содржат само малку помала количина јаглени хидрати отколку засладени колачи – три чоколадни колачи без шеќер содржат околу 20 грама јаглени хидрати, а три засладени колачи содржат 28 грама.

Значи, добро е овие намирници од време на време да бидат ваш меѓуоброк, но обрнете внимание на зачестеноста и количината на овие намирници во вашата диета, ако навистина сакате да го намалите внесот на јаглени хидрати и да изгубите килограми.