Здрав појадок кој го нормализира работењето на црниот дроб

Многу добро е познато дека црниот дроб е еден од најважните, ако не и најважниот орган во човечкиот организам, бидејќи претставува комплетна лабораторија на целото тело. Една од улогите на…

Многу добро е познато дека црниот дроб е еден од најважните, ако не и најважниот орган во човечкиот организам, бидејќи претставува комплетна лабораторија на целото тело. Една од улогите на црниот дроб е да ги преработи и исфрли од организамот сите токсични материи, па токму затоа особено е важно неговото нормално функционирање.

Доколку почувствувате замор, горчлив и метален вкус во устата, имате жолта обвивка на јазикот, тоа значи дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб. Доколку постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол, земате силни лекови, можно е да му правите дополнителен напор на црниот дроб. Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне доколку секој ден појадувате каша. Еве како можете да ја подготвите:

Овес – 1 чаша: Овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи, го забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење. Го обезбедува телото со потребната енергија.

Тиква (исчистена и исечена на коцки) – 20 до 40 грама: Ги обновува клеточните структури на црниот дроб, подмладува. Помага во чистење на сите органи. Јадењето сирова тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.

Суво грозје – половина шака. Ја оптимизира функцијата на црниот дроб, помага во обновувањето на клетките.

Бадеми – по желба. Тие го нормализираат црниот дроб.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во мало тенџере. Додадете вода или млеко, па оставете да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие тргнете го од оган, поклопете и оставете да отстои малку.

Оваа каша се препорачува да се готви најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава леснотија, енергија и ги отстранува непријатните наслаги од јазикот.


Related Articles