Министерството за здравство на Србија информира дека во последниве 24 часа направени се 12 869 тестирања, регистрирани се нови 1 366 заболени, а 21 лице починало.
Од почетокот на пандемијата во Србија кога првиот случај на заболен од Ковид-19 беше регистриран на 06 март 2020 година, па се досега, се дијагностицирани вкупно 697 241 инфицирани. Вкупниот број на тестирани лица изнесува 3 894 730, а бројот на смртни случаи е 6 499.
Бројот на хоспитализирани изнесува 3998, а 138 лица се наоѓаат на респираторна поддршка.