Течењето на крв од носот или крв во мокрачата го вклучува алармот за страв дека нешто се случува во вашиот организам.

Дури и ако се работи за неколку капки крв, во вашата глава веднаш се вклучува „малото страшно човече“, кое апелира на влошена здравствена состојба.

 

Таквото крварење на носот често преставува последица на алергии, настинка или синузитис. Но, и загадениот и сув воздух, топлината можат да да ја направат носната слузница пречуствителна.

Ако имате повеќе од 50 години, течењето на крв од носот, може да преставува покачен крвен притисок.

Што треба да направите?

Издувајте го носот за да може да излезе згрутчената крв, потоа наведнете ја главата напред, употребете го палецот и показалецот и држете го носот притиснат три минути, на тој начин ќе го сопрете крварењето.