Ако ништо на светот не може да го надмине мирисот на свежо приготвено кафе, веројатно сте малку зависни од него … но, тоа не е лоша работа!
Сè повеќе истражувања откриваат дека кафето (во умерени количини) може да биде прилично добро за вашето здравје.
Во продолжение дознајте каква сè корист (освен потребната енергија за работниот ден) можете да имате од утринската шолја кафе.
Кафето го намалува ризикот од дијабетес
Неколку шолји кафе на ден можат да го намалат ризикот од појава на дијабетес тип 2. Причината е комбинација на хемикалии кои се наоѓаат во зрната кафе и кои играат важна улога во вашиот метаболизам. Една од тие хемикалии позната и како хлорогена киселина го намалува нивото на глукоза во крвта.
Кафето го подобрува вашето помнење
Истражувачите на американскиот универзитет “University of South Florida” откриле дека кофеинот во кафето може да го зголеми нивото на хормони кои помагаат во производство на нови нервни клетки, а тоа може да го намали ризикот од појава на Алцхајмерова болест.
Шолјата кафе е добра за вашето срце
Една студија објавена во “Circulation: Heart Failure” открива дека умерената консумација на кафе (околу 2 шолји на ден) се поврзува со намален ризик од кардиоваскуларни болести и болести на срцето.
Кафето го намалува ризикот од појава на рак на кожата
Кофеинот може да го намали ризикот од карцином на базалните клетки, најчест вид на рак на кожата – барем така вели истражувањето објавено во “Cancer Research”. Треба да се напомене дека бескофеинското кафе не покажало вакво дејство.