Научете како да го направите овој вкусен и здрав рецепт за смути кој ќе ви помогне да ги ослободите несаканите килограми…

Состојки:

● 1 средна банана
● 2 лажици ленено семе
● 1/2 чаша обичен јогурт со малку маснотии
● 1 лажичка екстракт од ванила
● 1/2 шолја млеко од соја

Подготовка:
Излупете ја бананата и исечете ја на мали парчиња, сите наведени состојки ставете ги во блендер. Измешајте ги сите состојки на голема брзина додека не добиете изедначена смеса, без грутки. Доколку сакате смутито да биде поретко, додадете уште малку млеко од соја и повторно изблендирајте додека не ја постигнете саканата густина. Истурете го смутито во чаша и послужете веднаш. Уживајте во вашиот здрав и вкусен напиток за слабеење!