Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10-15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во седум градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%). Регистрирани се 62.107 (27,9%) асимптоматски случаи.
Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.