Живееме во неизвесен период, кога животните прилики ја зголемуваат потребата од секаков вид осигурување. Тоа значи обезбедување сигурност за себе, семејството, домот и сè што Ви значи.
Оваа девиза е водилка во едно-децениското функционирање на осигурителното брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје.
За извршниот директор, Даниела Илиоска, изминатите десет години покажуваат дека Полиса Плус „чекори“ по вистинската патека. Компанијата се наоѓа меѓу првите 10 осигурително брокерски друштва на пазарот, постојано го зголемува бројот на клиенти и работи со стабилни финансиски резултати. За да се услужат повеќе од 25.000 клиенти годишно, според Илиоска, потребно е организацијата да има флексибилна структура и добро подготвен, мотивиран и едуциран кадар. Бројот на клиенти на компанијата расте секоја година, а со тоа и предизвикот за подобрување.
Примарна обврска на брокерското друштво е да се штитат интересите на осигурениците со советување и појаснувања за сите околности релевантни при нивното одлучување во однос на склучување полиса за животно и неживотно осигурување.
Полиса Плус врши и обезбедува:
• бесплатно советување и најповолен предлог покритие во осигурувањето,
• адекватна анализа на ризикот и предлог за соодветно осигурително покритие,
• посредување при склучување на договорот за осигурување кој ќе обезбеди најсоодветно осигурително и реосигурително покритие,
• запознавање со условите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија, како и запознавање со обврските по таа полиса,
• укажување помош во текот на важноста на полисата и стручна помош, подготовка на доказ на документација за основата и висината на оштетното побарување и посредување за брзо и соодветно надоместување на штети.
Клиентите може да ги добијат нашите услуги директно во подружниците или онлајн преку нашиот веб сајт https://polisaplus.com.mk/naracaj-polisa/ или на маил info@polisaplus.com.mk