Во вчерашната емисија „200“ гостуваше вицепремиерот Бујар Османи, кој говореше за актуелните состојби во државата но и во неговата партија. Кога беше запрашан кој функционер од ДУИ има одговарано за корупција тој го посочи Асим Муса, дека иако не верува дека е замешан во корупција сепак даде оставка и наредната недела беше избран нов заменик министер за здравство.
„Убеден сум дека заменик министерот во тоа објавено комуницирање е невин, затоа што ја знам релацијата пациент – лекари. Особено со пациенти од странство. Но тој лично и партијата донесоа одлука бидејќи за најмалиот сомнеж, макар и за едно евро, тој поднесе оставка и следната недела беше именуван нов заменик министер“, појасни Османи.
На официјалната страна на министерство за здравство се уште како заменик министер е посочен Агим Муса, а вчера по порталите излезе вест дека оставката на Асим Муса се уште не стигнала во Собрание, дека тој и натаму оди на работа.
Три недели откако поднесе оставка од позицијата заменик министер за здравство, Асим Муса продолжува да се појавува на своето работно место. Причина за тоа што Владата се уште не ја доставила до Собранието одлуката за негова оставка, за потоа Собранието тоа и да го констатира.
„Сите потребни процедури ќе се почитуваат, Владата се очекува наскоро до Собрание да достави и предлог за именување на нов заменик министер и веруваме дека Собранието на пленарна седница во текот на месецот ќе го разреши актуелниот во оставка и ќе именува нов заменик министер во Министерството за здравство“, изјави Мухамед Хоџа – портпарол на Владата.