Младата крушевчанка Ирена Богданоска од понеделникот е во кома, откако ја каснал инсект и се наоѓа во приватна болница во Скопје, каде се бори за живот.
Лекувањето чини 1500 евра дневно, нешто што нејзиното семејство не може да го дозволи и отворена е донација на социјалните мрежи за Богданоска да оздрави и повторно да се врати кај нејзиниот сопруг и двете дечиња.
– Состојбата со мојата Ирена е многу лоша. Без размислување ја пренесовме во Систина, каде цела болница се бори за нејзиниот живот. Ја касна некаков инсект и за една минута падна во кома. Ги замолувам сите кои можат да донираат, за Ирена да ни се врати повторно дома, истакна нејзиниот сопруг.
Сите заинтересирани и хумани граѓани, можат да донираат на следниот ЛИНК
А ова е сметката на која можете директно да праќате средства.
Трансакциска сметка: 200002068391811
Банка: Стопанска Банка
Име: Веле Богдановски