Ова е Семра, која уште како дете се грижи за нејзината мајка Ѓултен која е парализирана и со оштетен слух. Нејзината тажна животна сторија ја пренесува ТВ21.
Нејзиниот татко починал пред 25 години, кога таа имала само пет години и оттогаш, таа го носи целиот товар за семејството. Мајката и ќерката немаат месечни примања, а Семра вели дека сака да најде работа, но не успева.
Семејството Јонузовски, досега смениле девет стана, бидејќи немаат пари да ја платат месечната кирија. Семра и Ѓултен стравуваат дека повторно можат да бидат избркани од станот во кој живеат, пренесува телевизијата.
ТВ21 пренесува дека мајката на Семра, Ѓултен вели дека хумани луѓе им носат храна, а пак, киријата од 100 евра ја плаќа нејзината 80-годишна мајка.
Мајката на Семра вели дека ѝ е тешко при помислата дека нема да може ништо да ѝ остави на својата ќерка. Двете се надеваат дека добронамерните луѓе ќе излезат в пресрет, за да успеат барем да обезбедат сигурен покрив над глава.
Како контакт за помош, телевизијата го има оставено
Африм Јонузи
077-848-439